3 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпании кои претрпеле најголеми загуби

Компании кои претрпеле најголеми загуби

aig maig

Во бизнисот понекогаш заработуваш, а понекогаш губиш. Кога големите корпорации губат, не станува збор за каква и да е сума, туку за милијарди. Кога голема компанија банкротира тоа гo менува и животот на многумина, кои остануваат без работа.

Види кои компании имаат претрпено големи загуби во вредноста во текот на годините:

10. „General Motors“ – 23.5 милијарди долари во 1992-та година.

„General Motors“ беше една од најголемите компании во САД. Таа ги произведува брендовите како „Chevrolet“, „Pontiac“, „Oldsmobile“, „Buick“ и „Cadillac“. За време на најсилниот период, компанијата контролираше 50 проценти од автомобилскиот пазар во САД. Во 1992-та година таа објави загуба од 23.5 милијарди долари.

9. „Royal Bank of Scotland“ – 34.2 милијарди долари во 2008-та година.

Банката беше меѓу најпогодените кога започна светската финансиска криза. Во 2008-та таа објави загуба од 34.2 милијарди долари, што е најголемата годишна загуба во историјата на Велика Британија.

8. „Qwest Communications“ – 35.9 милијарди долари во 2002-ра година.

Компанијата која е базирана во Денвер имаше лоша финансиска 2001-ва година, кога загуби 4.8 милијарди долари. Со ништо не можеше да се подготват за следната година, кога загубата се искачи до 35.9 милијарди долари.

7. „General Motors“ – 38.7 милијарди долари во 2007-та година.

Токму кога работите изгледаа добро за компанијата, таа имаше уште една тешка година, 2007-ма. Меѓу факторите кои доведоа до загубата беше намалувањето на продажбата во САД, штрајкови на синдикатите кои доведоа до губење на 1.6 милијарди долари и друго.

6. „Freddie Mac“ – 50.8 милијарди долари во 2008-та година.

Компанијата за кредитирање беше формирана во 70-тите години. Кога започна финансиската криза, таа претрпе сериозни загуби.

5. „JDS Uniphase“ – 56.1 милијарди долари во 2001-ва година.

Компанијата беше производител на телекомуникациска опрема. Таа е најмногу позната по тоа што во 2001-ва година објави загуба од 56.1 милијарди долари, која се должеше на лошите превземања и средства. Поради телекомуникацискиот бум во претходните години нејзините акции беа значително преценети, а тоа го користеле за капитал за да се здобијат со други значителни преценети компании.

4. „Fannie Mae“ – 59.8 милијарди долари во 2008-та година.

Компанијата беше формирана за да обезбеди заеми и да им овозможи на луѓето да купуваат домови на кредит. Во 2007-та година таа имаше загуба од 2.7 милијарди долари, а во 2008-та загубата се зголеми за 27 пати.

3. „Fannie Mae“ – 74.7 милијарди долари во 2009-та година.

Следната година не беше полесна за компанијата. Државата мораше да интервенира за да ја спаси компанијата, која објави нов рекорд на губење – 74.7 милијарди долари.

2. „AOL“ – 98.7 милијарди долари во 2002-ра година.

Во 2002-ра година „AOL“ беше најголемата медиумска корпорација во светот. Во истата година компанијата ја објави најголемата загуба во историјата на САД. Таа се должеше главно на намалената вредност на две од нејзините најголеми поделби – кабелска телевизија и продажбата на музика.

1. „AIG“ – 99.3 милијарди долари во 2008-та година.

Најголемата корпоративна загуба во историјата ја има „AIG“, која при започнувањето на светска финансиска криза во 2008-та година објави загуба од 99.3 милијарди долари. За споредба, во претходната година компанијата имаше нето профит од 6.7 милијарди долари. Меѓу причините за загубата беа цитирани: светската криза, трошоците за реконструкција, сметководство на трошоците, огромен пад во вредноста на хартиите од вредност обезбедени со хипотеки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП