4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple веќе работи на закривен iPhone

Apple веќе работи на закривен iPhone

iphone kriv

Едно лице кое е добро запознаено со плановите на компанијата „Apple“, изјави за „Bloomberg“ дека гиганот од Купертин за наредната година подготвува два нови смартфони со закривен екран (од кој единот ќе има екран од 5.5 инчи). Се истакнува дека новиот дизајн на „iPhone“, покрај поголемиот и закривениот екран ќе има и подобри сензори за детекција со поголемо ниво на притисок.

Во план се два модели, еден со екран од 5.5 инчни и другиот од 4.7 инчи, а и двата ќе користат стакло на екранот кој се криви на рабовите кон надоле (како концептот на сликата). Неименуваниот извор вели дека за ваквиот потег во „Apple“ се одлучиле поради „притисокот“ и темпото на пазарот кој го наметнува „Samsung“.

Имено, „Samsung“ веќе на некои полиња постигна одредена предност (веќе е прикажан „Galaxy Round“ со закривен екран, а „Samsung“ претходно го лансираше и својот паметен часовник и други уреди). Од друга страна „Apple“ е познат по тоа дека не сака да брза со претставување на иновации пред него во целост да ја усоврши технологијата која планира да ја воведе во уредите. Иако „Samsung“ води во иновациите, „Apple“ на пазарот испорачува исполирани и напредни производи, вели „Bloomberg“. Според најновите гласнини, следното освежувње на „iPhone“ линијата би можело да се случи во текот на летото, најверојатно за време на „WDC“ конференцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП