6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ќе позајми 4,5 милијарди евра за решавање на долговите на Credit...

Франција ќе позајми 4,5 милијарди евра за решавање на долговите на Credit Lyonnais

creditlyonnais

Франција до крајот на годината ќе позајми 4,5 милијарди евра со цел решавање на долговите настанати од колапсот на банката „Credit Lyonnais“, изјави денес портпаролот на француското Министерство за финансии.

Истиот портпарол изјави дека Париз има временски рок до крајот на 2014 година да ги реши останатите долгови, но дека е донесена одлука нешто од тоа да биде превземено оваа година.

Во амандманот за буџетот за 2013 година, кој во текот на наредната недела ќе биде изнесен на разгледување, ќе биде вклучено и одобрувањето на ново задолжување.

Француските даночни обврзници се соочија со проблеми кога „Credit Lyonnais“ побара помош на средината на деведесетите години од минатиот век, по загубата од неколку милијарди франци. Француската банка „Credit Agricole“ го превзема работењето од „Credit Lyonnais“ во 2003 година, пренесува агенцијата АПФ.

„Бидејќи условите за задолжување се на историскo ниско ниво, донесена е одлука за решавање на долговите“, изјави портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП