ПочетнаМАКЕДОНИЈАОбвинителството бара 30 дневен притвор за екс министерот за економија Крешник Бектеши

Обвинителството бара 30 дневен притвор за екс министерот за економија Крешник Бектеши

По одредувањето на триесет девен притвор на 13 осомничени од страна на кочанскиот суд за големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, обвинителството сега бара иста мерка и за поранешниот министр за економија Крешник Бектеши, директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и Беким Максути поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во несреќата починаа 59 млади животи а повредени се 200 лица.

„Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани“, велат од Јавното обвинителство на Македонија.

Според информациите со кои располагаме 30 дневен притвор е побаран и за поранешната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и раководителот Беким Хаџиу. Дополнително 30 дена во притвор ќе бидат и седум службени лица на од СВР Штип како и од ПСОН Кочани. Овие лица се товарат дека се одговорни односно се соизвршители фирмата коа раководела со дискотеката на смртта да добие документ или лиценца на незаконски начин и со тоа да може да ја обавува дејноста.

Синоќа пак, во полиција беа приведени последните три градоначалника на Кочани. Во полициска станица ноќта ја поминаа Љупчо Папазов кој е градоначалник во оставка и неговите двајца претходници Николчо Илиев и Ратко Димитровски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП