1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИНеделен Преглед

Неделен Преглед

stock_trade_analysis

Фундаментална анализа за 11-15 Ноември 2013

Изминатава недела беше во знакот на две поголеми изненадувања кои предизвикаа реакција на пазарот. Намалувањето на каматната стапка на ЕЦБ од 0,5% на 0,25% што дефинитивно го заткна пазарот неподготвен и изненадувачки добриот број на запослени лица во САД и тоа  во услови на намалена активност заради привременото неработење на државната администрација ( неизгласување на буџетот) што во комбинација со ревидираниот подобар БНП создаде позитивен сентимент за американската економија. Пазарите врз основа на предвидувањата очекуваа лоши вести од САД и продолжување на програмите за монетарно олеснување па ваквите вести создадоа предуслов за прекинување на истите.
Заради ваквите случувања во изминатата недела беше предизвикан пад на еврото и јакнење на американскиот долар.
Во текот на оваа недела ги очекуваме коментарите од Европа за кратењето на каматата и коментарите од САД за изненадувачки добрите бројки. Коментарите сигурно ке повлијаат на дневното движење на валутите но малку е веројатно дека ке предизвикаат поголем пресврт. Очекувањата се дека сега ке се појави разногласие во Европа, поточно од една страна најверојатно ќе биде Германија која се противи на ваквата политика а од друга страна ке се останатите земји од еврозоната кои сега имаат можност поефтино да се финансираат. Посебно фокусот ќе биде насочен кон извештајот и коментарот на претседателот на Централната банка на Германија Ј. Вајдман во  Понеделник 18:00 часот. Остра критика ке значи разногласие и неслога и негативен сентимент но позитивен краткорочен импулс за еврото, а доколку во својата изјава делумно или целосно ја одобри политиката на ЕЦБ ке видиме дополнително слабеење на еврото. Во секој случај фактите се такви какви што се и веројатноста да видиме дополнително слабеење на еврото сега се поголеми.
Можни граници при евентуален краткотраен раст на еврото во однос на доларот се 1.34 и со евентуално позитивни показатели дури и до 1.35. Веројатноста да еврото ја премине оваа граница е многу мала.
Мноу поверојатаната е варијантата за слабеење на еврото во однос на доларот и тоа со прва бариера на отпор на 1.325 што еднаш успеа да го запре еврото од пад во Април, па потоа 1.315 што беше долна граница во Јули и 1.3050 што беше супер поддршка во Мај 2013 година. Секако најдолна граница е психолошката 1.300 но не е неможно и таа барем за кратко да биде пробиена.
Од друга страна во САД неделава имаме два настани кои можат да повлијаат на пазарите. Првиот е извештајот на претседавачот со ФЕД Б.Бернаке во Четврток во 01:00 часот од кој најверојатно нема да слушнеме ништо што досега не сме слушнале  и вториот настан (многу поважен) е обраќањето на членот на ФЕД Џ.Јелен која веќе е извесно дека доаѓа на местото на Бернаке во главната фотеља. Верувам дека фокусот ке е насочен токму овде бидејки таа ќе е главен креатор на монетарната политика на САД па следствено на тоа и многу се важни заклучоците кои ќе бидат изведени или протумачени од нејзиното излагање бидејки влијанието е огромно врз сите пазари. Неизвесноста е присутна бидејќи таа важи за голем признат поддржувач и поборник на политиките за монетарни олеснувања но условите за кратење можеби веќе се созреани. Евентуално изразување задоволство од постигнатите резултати на економски план ке значат стегање и кратење на олеснувањата односно јакнење на доларот.
Оваа недела е важна и за британската фунта бидејки неколку важни показатели треба да бидат објавени. Во Вторник ке ја добиеме стапката на инфлација (предвидувањата се дека инфлацијата е намалена). Во среда во 10:30 часот ќе биде објавен бројот на невработени а во 11:30 часот јавното обраќање на гувернерот Карни со посебен осврт на инфлацијата. Можна е голема и незгодна волатилност кај фунтата, но мала е веројатноста за некаков пробив или почеток на тренд.
Во Четврток ке имаме објава на БНП за Италија, Франција и Германија и збирен БНП за еврозоната. Очекувањата се дека има контракција што дополнително ке се одрази лошо на еврото доколку прогнозите се точни.
Доколку треба да се сумира, можеме да очекуваме релативно мирен пазар со тренд на благо слабеење на евро и јакнење на долар. Во Четврток со поголема волатилност, моментум за пресврт или посилно продолжување на трендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП