4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo Alpe Adria ќе бара помош од Австрија

Hypo Alpe Adria ќе бара помош од Австрија

hypo1

На банката „Hypo Alpe Adria“според проценката на експертите, до крајот на година ќе и биде потребна помош од австриската држава во износ од најмалку една милијарда евра.

Додека Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и Народната партија (ОВП) преговараат за нова коалициска влада, која ќе биде соочена со буџетска дупка од повеќе милијарди, „Hypo Alpe Adria“ има потреба од дополнителни средства од државата.

Само два месеци откако државата и даде 700 милиони евра на „Hypo Alpe Adria“ за да ги пополни дупките во полугодишниот биланс, повторно се појави потребата за капитал.

Засега не е објавена висината на потребната помош, но експертите веруваат дека таа ќе изнесува околу една милијарда евра.

Инсајдерите очекуваат дека до крајот на годината на банката ќе и бидат потребни од 1 до 1,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП