14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Најголемата дефлација во половина век

Грција: Најголемата дефлација во половина век

grcija7

Индексот на потрошувачките цени во Грција во октомври се намали за два проценти на годишно ниво, што е најголемиот пад од февруари 1962 година, кога дефлацијата изнесуваше 2,1 проценти.

Всушност, 2013 година стана првата година по 1959 година во која инфлацијата е негативна осум последователни месеци.

Ова, сепак, не го одразува зајакнувањето на конкурентноста во Грција до нивото на кое цените паѓаат, туку е уште еден доказ дека рецесијата не попушта.

Цените се намалуваат, но не во согласност со намалувањето на пензиите и платите, бидејќи побарувачката е ограничена, а увозот е намален. ЦПИ во однос на септември е намален за 0,1 проценти, а поголемиот пад беше спречен од зголемувањето на учеството на граѓаните во малопродажната цена на лековите, која во рок од само еден месец се зголеми за 17,6 проценти.

Единствената група на производи во која цените се зголемија на годишно ниво е групата на алкохол и цигари и тоа за 3,5 проценти. Цените на храната и безалкохолните пијалоци, од друга страна, се намалија за 0,5 проценти, цените на облеката за 1,1 проценти, додека трошоците за домување се намалени за околу 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП