2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБЕГ отвори нов диспечерски центар за корисниците на парно и набави нови...

БЕГ отвори нов диспечерски центар за корисниците на парно и набави нови возила

balkan-energy

Балакан Енерџи Груп (БЕГ) отвори нов диспечерски центар и набави 14 нови возила и во што инвестираше 160.000 евра. Оваа инвестиција има за цел да ги подобри услугите за граѓаните во делот на пријавување и отстранување на дефектите во мрежата за дистрибуција на топлина.

Новиот диспечерски центар, преку современ комјутерски систем ќе овозможи двонасочна комуникација со корисниците преку максимален број канали (телефонија, СМС и интернет). Тоа значи дека потрошувачот кој има рекламација која се однесува на квалитетот на услугата на БЕГ, може да се обрати до Диспечерскиот центар преку испраќање на звучна порака на телефон 02 3076200, преку СМС порака на 078207056 и 076350298  или преку интернет на www.beg-distribucija.com.mk. Секој пријавен недостаток ќе биде одстранет во најкраток можен рок, а корисникот кој што го пријавил, на истиот начин како што ја доставил пријавата ќе биде и повратно информиран од диспечерскиот центар за статусот на рекламацијата.

Надополнување на Диспечерскиот центар се и новите возила кои ќе овозможат брза реакција и зголемена ефикасност во работењето на службите за одржување и контрола на системот на терен. Во исто време ќе се намалат трошоците во работењето на компанијата. Возниот парк со кој располагаше Топлификација беше стар и амортизиран, а за негово оджување  се трошеа огромни средства.

Балкан Енерџи Груп АД Скопје (БЕГ) е македонска компанија  со странски капитал која инвестира во производствени енергетски капацитети и дејности и од почетокот на 2013 година доби лиценци за вршење на дејноста  производство, диструбуција и снабдување со топлина.

Активностите на компанијата, придонесуваат кон развој на енергетскиот сектор во Република Македонија, внесување на нови технологии и отворање на нови работни места. Притоа, БЕГ сите свои активности ги изведува во склад со највисоките еколошки стандарди и со високо ниво на општествена и корпоративна одговорност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП