
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во индустриската зона „Раброво“ присуствуваше на отворањето на новиот производствен погон на текстилната компанија „Докатекстил“ со којa се заокружи инвестицијата вредна 2,5 милиони евра.


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во индустриската зона „Раброво“ присуствуваше на отворањето на новиот производствен погон на текстилната компанија „Докатекстил“ со којa се заокружи инвестицијата вредна 2,5 милиони евра.
– Пред една година ги отворивме првите погони на „Докатекстил“ и се овозможи вработување на 250 лица. Денеска сме повторно тука за нов погон кој ќе овозможи работа за уште 100
лица, 100 семејства ќе бидат згрижени и ќе можат да имаат подобар живот.
Тоа покажува дека напорите на Владата на локално и централно ниво, меѓутоа и добрите инвеститори, резултираат со вистинсики решенија, нови инвестиции и нови работни места, рече Ставрески.
Според него, Владата помогна преку одржување ниски даноци, ослободување од даноци на добивка и откуп на земјиштето по едно евро.
Локалната власт исто така даде поддршка со изградбата на индустриската зона и ослободување од комуналии, но инвеститорот со својата визија и со добрата реализација на инвестицијата беше за нас најзначаен во процесот.
– И натаму ќе им помагаме на приватниот сектор и на инвеститорите да ги остваруваат своите планови, напомена вицепремиерот.
Инвеститорот Тони Пандев изрази благодарност за помошта од централната и локалната власт без кои, како што истакна, ова немаше да се случи. Тој најави дека ќе продолжи да
инвестира во едукација на вработените и во модернизирање на опремата.
– Ова го потврдува фактот дека индустриската зона Раброво е капитален проект на општината која моментно се бори со невработеноста и дека „Докатекстил“ во позитивна смисла дава
голем придонес во борбата за подобра иднина на Валандово, рече градоначалникот Николче Чурлиновски.