27 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“: Другите немаат размислувано за ваков телефон (ФОТО)

„Huawei“: Другите немаат размислувано за ваков телефон (ФОТО)

Кинеската технолошка компанија „Huawei“ на 20-ти март ќе го претстави првиот паметен телефон базиран на стабилната верзија на својот оперативен систем „HarmonyOS Next“, а се очекува да биде иновативен уред со необична форма.

Извршниот директор на „Huawei“, Ричард Ју, рече дека уредот е „нешто што другите производители не би се осмелиле да го направат, ниту пак размислувале да го направат“.

Според медиумите, паметниот телефон би можел да биде опремен со флексибилен дисплеј од 6,28 инчи со сооднос 3:2.

Уредот најверојатно ќе добие главна камера од 50 мегапиксели и заштита од прашина и влага. Други можни карактеристики вклучуваат странично поставен скенер за отпечатоци и прифатлива цена, што треба да привлече повеќе корисници во екосистемот „HarmonyOS“, пренесува технолошкиот портал „Gizmochina“.

Гласините сугерираат дека новиот телефон ќе се вика „Pocket 3“ или „P70 Pocket“.

Покрај новиот смартфон, „Huawei“ ќе претстави и нови таблети и производи за автомобилската индустрија, додава кинескиот портал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП