2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДал отказ поради преголема плата!

Дал отказ поради преголема плата!

Сандип Џија работел како програмер во една „IT“ компанија во Бангалора, а неговата месечна плата била околу 530 евра. Депримиран од тоа дека толку многу луѓе во неговата земја живеат на работ на егзистенција, Сандип (32) повеќе пати од раководството барал да му биде намалена платата, но тие, збунети, секојпат го одбивале неговото барање.

Поради тоа што неможел тоа повеќе да го издржи, тој дал отказ и сега вели дека се чувствува подобро.

„Неможев да го поднесам фактот дека од работењето на компјутер добивам толку пари, додека толку многу луѓе едвај успеваат да сврзат крај со крај. Го решив тој проблем така што дадов отказ и ќе побарам работа која ќе има подносливи услови“, вели тој.

Во Индија повеќе од 844 милиони луѓе живеат под границата на сиромаштијата, според податоците на Светската здравствена организација. Останатите, околу 20 проценти од населението, повремено страдаат од грижата на совест и чувствуваат вина дека неможат да помогнат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП