„Toyota“ додаде уште еден електричен модел во својата гама. Наречен „C-HR+“, овој автомобил го дели своето име со класичниот модел „C-HR“.
Засега, официјално е претставен само во европските спецификации и позициониран под поголемиот „bZ4X“ во семејството EV на „Toyota“.
Иако името може да сугерира дека „C-HR+“ се базира на бензинскиот „C-HR“, тоа не е така.
Наместо тоа, овој модел ја користи механичката платформа e-TNGA 2.0, иста како и „bZ4X“. За разлика од тој модел, кој често е критикуван поради необичниот дизајн, „C-HR+“ е значително поелегантен и пософистициран.
Дали ќе се продава подобро од „bZ4X“ останува да видиме, но почетокот е ветувачки.

„C-HR+“ има меѓуоскино растојание од 2.750 mm, што е за 102 mm пократко од „Toyota bZ4X“.
Од „Toyota“ нагласуваат дека новиот модел е наменет за помлади самци и парови, додека „bZ4X“ е дизајниран како семеен автомобил.
Бидејќи развојот на целосно нови EV модели е многу скапо, „Toyota“ користи слични погонски единици како „bZ4X“.

Три верзии со различни перформанси
Основниот модел во Европа доаѓа со батерија од 57,7 kWh и единечен електричен мотор кој ги движи предните тркала, кој произведува 167 ks (123 kW).
Од „Toyota“ тврдат дека овој модел има автономија од 455 km (WLTP) и забрзува од 0-100 km/h за 8,6 секунди.
Најавена е и помоќна верзија со капацитет на батерија од 77 kWh. Оваа варијанта нуди 224 ks (165 kW), има опсег до 600 km и забрзува до 100 km/h за 7,4 секунди.

На врвот на гамата ќе биде верзијата со два мотори со погон на 4 тркала и 343 ks (252 kW).
Батеријата има капацитет од 77 kWh и домет од 525 km (WLTP). Автомобилот забрзува до 100 km/h за само 5,2 секунди.
Информациите за цените и датумот за почеток на продажбата ќе бидат објавени подоцна.