9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомплетна промена во Милан!

Комплетна промена во Милан!

Сериозни промени може да се случат во раководството на Милан во следните месеци. Според медиумите во Италија, клубот тотално ќе го промени моделот на управување, така што во раководството на Милан ќе влезат нови лица.

Првата промена е поврзана со Адријано Галијани. Потпретседателот и извршен директор на клубот ќе го отстапи своето место на Барбара Берлускони, ќерка на сопственикот Силвио Берлускони. Интересно е дека Галијани е дел од Милан од февруари 1986 -та година, но очигледно неговите денови во клубот се изброени.

Барбара Берлускони меѓутоа наскоро ќе биде лицето на Милан, а одлуките ќе бидат доверени на две од легендите на клубот – Деметрио Албертини и Паоло Малдини. Првиот се очекува да биде извршен директор, вториот , пак, ќе биде поблиску до тимот и ќе ја врши функцијата спортско- технички директор.

Галијани сепак нема да биде единствениот кој ќе ги подготви куферите. Истата судбина ќе ги сподели друг од директорите – Ариедо Браида , како и тренерот Масимилиано Алегри.

Најверојатно на чело на Милан ќе застане некој од легендите на тимот, како на оваа фаза фаворит е Кларенс Сидорф. Холанѓанецот е миленик на Силвио Берлускони и беше блиску до тренерската позиција во клубот уште минатата лето.

Ако сепак Сидорф не се согласи, тогаш најверојатно оваа функција ќе му биде предложена на некој друг, а како кандидати се споменуваат легендите како Филипо Инзаги ( во моментов тренер на Примавера на Милан) , Џенаро Гатузо, Алесандро Костакурта, Франк Рајкард, Марко Ван Бастен или Роберто Донадони. Пред неколку дена тренерска лиценца добие и Андриј Шевченко, па не е исклучено и Украинецот да добие предлог за враќање во клубот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП