2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД исплатиле 3,6 милијарди долари на измамници, од кои само половина милион...

САД исплатиле 3,6 милијарди долари на измамници, од кои само половина милион на еден Бугарин

Криминалци од Бугарија и од други земји во 2011 година „ја олесниле“ американската даночна служба ИРС за над 3,6 милијарди долари,
поднесувајќи лажни барања за поврат на данок, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Само од една адреса во Бугарија ИРС добила над 700 лажни барања за поврат на данок во вкупен износ од 490.000 долари, кои ги исплатила. Во друг случај, само еден измамник
испратил дури 5.500 барања за поврат на данок и наплатил 27 милиони долари од САД.

Некои од измамниците се од САД, па така од една адреса во Орландо во Флорида дошле 580 лажни барања за поврат на данок, а од адреса во Лејквуд Колорадо 355.

Но, освен случјаот во Бугарија, кој предизвика бура од реакции во американските медиуми, имало измамници и од Литванија, Ирска, Кина и Канада.

ИРС не одговорила потврдно на сите и успеала да спречи дел од овие исплати. Најчесто овие барања содржат податоци на починато лице од САД, неговиот даночен број
или бројот за социјално осигурување, со кои измамниците од странство бараат поврат на данок.

Извештајот за работата на ИРС открива дека агенцијата успеала да открие 12 милиони лажни барања за поврат на данок и во две години да спречи загуби од 40 милијарди долари.

Но, сепак, бројот на лажни барања кои поминуваат низ филтерот на контролата е огромен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП