18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ за механизмот за ликвидација

ЕЦБ за механизмот за ликвидација

eccbneww

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека планираниот механизам за ликвидација на банките би требало да ги опфати сите банки во еврозоната.

ЕЦБ смета дека националните системи се неефикасни.

„Координацијата меѓу националните системи за ликвидација не се покажа доволна за донесување на правовремени одлуки за ликвидацијата“, соопшти ЕЦБ.

Додека идниот постојан фонд за ликвидација не собере од банките доволно средства, потребно е да се формира привремен и фискално неутрален механизам за случаите за ликвидација на банките.

Тој механизам преку кредитни линии би функционирал како поддршка за единствениот фонд за ликвидација на банките, е ставот на ЕЦБ.

Германија ја блокира расправата за финансирање на ликвидацијата на банките кои ќе се најдат во невоља, со образложение дека тоа би барало промени во законодавството.

Од ЕЦБ порачуваат дека супервизорите за банките треба да бидат овластени за проценка на банки кои имаат сериозни проблеми или банки кои со такви проблеми веројатно ќе се соочат, и  во тие банки да упатуваат супервизори од надлежното тело за управување со ликвидацијата на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП