28 март, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТри телефони кои не чинат цело богатство, модерни се, ќе ви траат...

Три телефони кои не чинат цело богатство, модерни се, ќе ви траат долго, а исто така изгледаат добро

Според некои стручни медиуми кои имаат малку подобра понуда на пазарот, оваа пролет има три уреди кои се издвојуваат со своите карактеристики за сите оние кои сакаат да купат добар телефон без да потрошат премногу. Еве ги опциите:

1. „Google Pixel 8a“

И покрај тоа што „Pixel 8a“ е на пазарот речиси една година, овој телефон сè уште импресионира со своите перформанси. Со процесорот Tensor G3, „Pixel 8a“ нуди генеративни функции за вештачка интелигенција кои се слични на оние на тековните водечки телефони. Дополнителните предности на овој модел вклучуваат OLED екран кој се освежува на 120 Hz за флуидно чувство за време на работата и врвни карактеристики на камерата благодарение на алгоритмите на „Google“.

Сепак, „Pixel 8a“ има дебели рамки околу екранот и бавно безжично полнење од 7,5 W, што можеби е недостаток што ги оддалечува корисниците од овој телефон.

2. „iPhone 16e“

Ако ги сакате телефоните на „Apple“, „iPhone 16e“ е најдобриот избор во средната цена. Овој телефон нуди напредни функционалности како што се акциони копчиња за брз пристап до функциите. Потоа, поголем OLED екран во споредба со претходниот модел на „Google“. Поддршка има и за „Apple Intelligence“, како и актуелниот A18 процесор, истиот што се користи во водечките модели на „Apple“.

„Engadget“ верува дека нема потреба да се потпираме на постарите модели на „iPhone“ кога „iPhone 16e“ нуди сè што ви треба по поприфатлива цена.

3. „Nothing Phone (2а)“

„Nothing Phone (2a)“ добива многу пофалби за својот уникатен и навистина оригинален дизајн со проѕирен заден дел, но и за солидните перформанси и пристапната цена. Овој телефон е одличен избор за оние кои сакаат нешто различно без да го жртвуваат квалитетот. Значи, ова е предлог доколку барате телефон со добар сооднос цена-квалитет, пренесува „LTN“.

Повеќето од овие телефони се потешко да се најдат на нашиот локален пазар, но можеби вредат малку труд и ако сакате да се издвоите од толпата, тие се добар, но секако не единствен избор за пролетта 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП