30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на невработеноста во Америка

Пораст на невработеноста во Америка

saadde

Во САД во октомври се отворени 204.000 нови работни места, што е неочекувано висока бројка, но стапката на невработеност пораснала од 7,2 на 7,3 проценти.

Овој процент е зголемен веројатно поради големиот број на државни службеници кои се сметале за невработени во текот на блокадата на федералната влада.

Во три месеци заклучно со октомври, во Америка во просек месечно се отвориле 202.000 нови работни места, во однос на 146.000 од претходните три месеци.

Околу 800.000 владини службеници биле на принуден одмор во текот на дел или на целата блокада која траеше од 1 до 16 октомври, додека Конгресот преговараше за реформите во здравството, пренесува агенцијата АП.

Многу од вработените се вбројувале во невработени или привремено отпуштени со цел да се пресмета стапката на невработеност, но во владиниот извештај за работните места стојат како вработени, бидејќи примиле плата и во периодот на блокадата. Минатиот месец без работа официјално останале 12.000 државни службеници.

Економскиот раст во САД се зголеми во третиот квартал на 2,8 од 2,5 проценти од претходните три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП