2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarriott се повлекува од Атина

Marriott се повлекува од Атина

Американскиот ланец на хотели „Мarriott international “ се повлекува од Атина по три децении работење, изјави претставникот на хотелот во Атина, Андреас Мелетиу.

„Имавме 30-годишен договор кој истекува на 31-ви декември. По преговорите, двете страни се согласија дека договорот нема да биде обновен“, вели Мелетиу.

„Хотелот ќе продолжи да работи под името на матичната компанија „ASTY S.A.““, додаде тој.

На интернет страницата на хотелот, кој е сместен во централната зона во грчката престолнина, стои известување дека од 31-ви декември нема да работи под името „Мarriott“.

Минувајќи низ шестте години рецесија и слабиот успех во намалувањето на бирократијата, Грција се мачи да ги привлече инвеститорите. Програмата за приватизација досега беше неуспешна, а повеќето големи компании во последните неколку месеци се насочија кон други пазари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП