10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola ќе инвестира 4 милијарди во Кина

Coca-Cola ќе инвестира 4 милијарди во Кина

Американскиот прехрамбен гигант „Coca–Cola“ најави дека во периодот помеѓу 2015-та и 2017-та година во Кина ќе вложи повеќе од четири милијарди долари и ќе изгради нови погони, се со цел да се натпреварува со конкуренцијата, која зема голем дел од неговиот удел во 69 милијарди вредниот пазар на безалкохолни пијалоци во оваа земја.

„Новата инвестиција се надоврзува на четирите милијарди долари кои најголемиот производител на пијалоци во светот ја предвиде во периодот од 2012-та до 2014-та“, вели портпаролот Шеролин Чој.

„„Coca-Cola“ е подготвена да соработува и со кинески компании“, додава Чој.

Аналитичарите напоменуваат дека со тоа компанијата би можела да ги искористи сите изразени наклони на Кинезите кон билните чаеви и здрави напитоци.

Кинеските потрошувачи се повеќе се определуваат за здравите алтернативи во сегментот на прехрамбените производи, што го закочи „залетот“ на ланците за брза храна, како што се „McDonald’s“ и „KFC“.

„Конкуренцијта на пазарот на безалкохолни пијалоци моментално е многу голема и „Coca-Cola“ ќе мора значително да се потпре на аквизиции, отколку на органски раст“, вели Шаун Реин, директор на „China Market Research Group“.

„Coca-Cola“ и натаму е водечки производител на напитоци во Кина. Минатата година имаше 16 проценти во пазарниот уделот, што е еднакво на нивниот удел на пазарот во последните пет години.

Во истиот период „Ting Hsin International Group“, вториот по големина производител на пијалоци го зголеми својот удел на пазарот од 8.8 проценти на скоро 12 проценти.

Во периодот од април до јуни, „Coca-Cola“ не го постигна зацртаниот обем на продажба, а како причина ја наведе слабата економија во Европа и Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП