6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPuma ја намали прогнозата за профит за 2013

Puma ја намали прогнозата за профит за 2013

puummaa

Германската компанија за производство на спортска опрема „Puma“ ја намали прогнозата на нето профитот за оваа година, поради отписот на 130 милиони евра на име на депресијaцијата на сметките, која треба да се случи во текот на четвртиот квартал.

Во соопштението на „Puma“ се наведува дека приходите за 2013 година ќе бидат позитивни, но малку помали од оние кои беа остварени во 2012 година, пренесува агенцијата АФП.

Причината за депресијација на сметките е затворањето на развојниот центар во Виетнам, како и преместувањето на еден дел од работниците во Лондон во седиштете на компанијата во Баварија.

Профитот од работењето во третиот квартал е намален за 20 проценти на 80 милиони евра, што е помалку од очекуваните 81,6 милиони евра.

Бруто маржата во третиот квартал оваа година е намалена од 48,2 проценти минатата година на 47,1 проценти оваа година. Новиот претседател на „Puma“ Бјорн Гуден, изјави дека за закрепнување на компанијата ќе биде потребно извесно време, но дека компанијата повторно ќе се врати на успехот од претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП