29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтел ќе одржи работилница за развој на ИКТ во малите и средни...

Интел ќе одржи работилница за развој на ИКТ во малите и средни претпријатија

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и потпретседателот на Интел Џон Дејвис денеска договорија на почетокот на следната година во земјава да се одржи работилиница за мали и средни препријатија на која експерти од корпорацијата Интел пренесувајќи им стручни знаења и искуства ќе им помогнат нивните производи да бидат поконкурентни на странските пазари.

– На средба со претствници на малите и средни претпријатије експерите од Интел ќе ги презентираат најновите технологии коишто Интел ги има, како функционираат нивните лаборатории, алатки, апликации за се подготват преторијатијата од Македонија кога тие продукти ќе излезат на пазарот да можат и тие да понудат решение кое ќе биде конкуретно на самиот пазар, изјави Ивановски.

На Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, во септември во Њујорк, Ивановски и потпретседателот на Интел, Дејвис потпишаа Меморандум за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги.

-Со него ќе се овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење на компјутерски уреди.

Потпретседателот на Интел, Џон Дејвис истакна дека Македонија напредува во многу сфери поврзани со ИКТ секторите, пред се образовните системи во земјата и нивната компјутеризација, со што се постигнува повисоко ниво на едукација и напредок во образованието.

-Сакаме да им помогнеме и на локалните компании во Македонија да ги користат новите технологии и новите софтвери за постигнување нивен поголем развој. Цениме дека работилницата која ја подготвуваме за малите и средните претпријатија ќе ги даде очекуваните резултати, истакна Дејвис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП