4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДесертот доаѓа на крај - Mercedes S65 AMG (фото+видео)

Десертот доаѓа на крај – Mercedes S65 AMG (фото+видео)

„Mercedes“ ја претстави „топ“ верзијата на својот најлуксузен модел. Првото појавување пред публиката, новиот „S65 AMG“ ќе го има на саемот за автомобили во Лос Анџелес, а неговата продажба ќе започне во март 2014-та.

Моделот „Mercedes S65 AMG“ е наменет за најпребирливите купувачи и го претставува самиот врв на понудата на новата „S сlasѕ“

Како што можевме да видиме на првите, неофицијални фотографии, автомобилот стилски не се разликува од верзијата „S63 AMG“, која имаше премиера на франкфуртскиот авто-саем во септември.

„Mercedes S65 AMG“ има хромирани рамки и светлосна мрежа на отворите за воздух на предниот браник. Различни се и алуминиумските тркала, а тука е и карактеристичната „V12 biturbo“ ознака на предното крило на автомобилот.

Сепак, по тоа што двата „AMG“ модели најмногу се разликуваат меѓусебе, се крие по хаубата, а станува збор за 6.0 литарскиот V12 „bi-turbo“ агрегат.

Моторот е во состојба да испорача 630 „коња“ (463 kW), кои се достапни помеѓу 4.800 и 5.400 o/min, а максималниот вртежен момент од 1.000 Nm, на кои возачот може да смета во опсег од 2.300-4.300 o/min. Моќта се пренесува со помош на седумбрзинскиот „7G-Tronic“ автоматски менувач.

Новиот „Mercedes S65 AMG“ од место до „стотка“ стигнува за 4.3 секунди, но максималната брзина, сепак е електронски ограничена на 250 km/h.

Во согласност со современите еколошки трендови, „Mercedes“ се пофали дека „S65 AMG“ е „најекономичната луксузна лимузина во својата класа со V12 мотор со толку голема моќност и вртежен момент“.

Според фабричките податоци, автомобилот просечно троши 11,9 l/100 km и емитува 279 g/km CO2.

„Mercedes S65 AMG“ е поставен на специјално дизајнирани 20 инчни алуминиумски тркала. На предните тркала се монтирани гуми со димензија 255/40, a на задните 285/35. Како опција се достапни и керамички дискови за сопирање.

Новиот „S65 AMG“ ќе биде понуден исклучиво во верзија со продолжено меѓуосовинско растојание. Продажбата ќе започне во март 2014-та година, а почетната цена во Германија ќе изнесува 232.050 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП