18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија потрошила девет милијарди евра за изградба на 405 км автопатишта

Романија потрошила девет милијарди евра за изградба на 405 км автопатишта

Во периодот од 1990 до 2012 година во Романија се изградени 405 километри автопатишта, при што за таа цел се потрошени девет милијарди евра, објави романскиот весник „Адеверул“.

Весникот наведува дека простата математика покажува дека за изградба на еден километар автопат Романија трошела по речиси 22,4 милиони евра, додека просечната цена на европско ниво изнесува 10 милиони евра.

Ако се земе предвид просечната цена на чинење на километар автопат, тогаш во Романија во изминативе 22 години би требало да бидат изградени 900 километри автопатишта.

Но, наместо тоа на крајот на 2013 година Романија ќе има 545 километри автопатишта, од кои 190 километри се изградени во време на комунизмот пред 1990 година, наведува „Адеверул“.

Во рамки на напорите за подобрување на патната инфраструктура во земјата, романската Влада реши од 2014 година да воведе дополнителна акциза од седум евро центи на литар бензин и дизел гориво, кои средства би се користеле за изградба на нови патишта.

Владата предвидува на овој начин да собере дополнителни 26 милијарди евра кои би се употребиле за изградба на 4.000 километри магистрални патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП