2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: ММФ потврди - економскиот раст повисок од очекуваното

Ставрески: ММФ потврди – економскиот раст повисок од очекуваното

Македонската економија закрепнува, растот е засилен и подобар од сите наши очекувања, оцени ММФ по редовната десетдневна мисија во Македонија.

– Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели на раст се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето-извозот со важните или растечки придонеси на извозот од страна на странските мултинационални компании, истакна шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар.

Политиките да почнат да се поместуваат во смисла на завршување на циклусот на олабавување на монетарната политика и на спроведување на планираното намалување на фискалниот дефицит почнувајќи со буџетот за 2014 година, се препораките од ММФ.

И вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека македонската економија годинава заздравува подобро од очекуваното.

– Резултатите во првите девет месеци се над проектираните што ни дава надеж дека до крајот на 2013 ќе може да
оствариме подобри резултати, истакна Ставрески.

БДП во 2013, рече, ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти со можност за подобро остварување ако се реализира сценариото за дополнително заздравување на европската економија.

– Растот не е случаен, туку е генериран од владините политики и е директен резултат на извршувањето на јавните и капиталните инвестиции, како и на привлекувањето странски вложувања кои имаат добри перформанси во делот на извозот, нагласи Ставрески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП