21 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕАко ова го забележите на нозете, мора веднаш на лекар!

Ако ова го забележите на нозете, мора веднаш на лекар!

Високиот холестерол најчесто се открива преку крвни анализи, но телото испраќа и одредени сигнали кои можат да укажат на овој здравствен проблем.

Еден од таквите индикатори е периферната артериска болест (ПАД) – состојба во која масните наслаги ги стеснуваат артериите и го намалуваат протокот на крв до мускулите на нозете. Иако не секогаш предизвикува симптоми, ПАД може да се манифестира со неколку забележителни промени на нозете, како што се губење на влакна и појава на чиреви на стапалата, предупредуваат здравствените експерти.

Симптомите на оваа болест обично се развиваат постепено, но ако се појават нагло или се влошат за кратко време, тоа може да биде знак за сериозен здравствен проблем кој бара итна реакција, велат лекарите.

Најчестиот симптом е болка во нозете при одење, која вообичаено се намалува по краток одмор. Непријатноста може да варира – од блага до силна болка – а најчесто ги зафаќа двете нозе, иако може да биде поизразена на едната.

Освен болката, како дополнителни знаци на ПАД може да се појават и сјајна кожа, како и еректилна дисфункција кај мажите. Оваа болест значително го зголемува ризикот од коронарна срцева болест, една од водечките причини за смрт поврзани со кардиоваскуларниот систем, предупредуваат медицинските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП