5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor`s го намали рејтингот на Франција

Standard & Poor`s го намали рејтингот на Франција

franccce

Рејтинг агенцијата „Standard & Poor`s (S&P)“ го намали кредитниот рејтинг на Франција за еден степен од АА+ на АА, со стабилна прогноза.

„S&P“ така и нанесе уште еден удар на социјалистичката влада на претседателот на Франција, Франсоа Оланд.

Каматните стапи на француските десетгодишни обврзници скокнаа по соопштението на „S&P“ на 2,389 од 2,158 проценти, колку што изнесуваа вчера.

Агенцијата наведува дека рејтингот на официјален Париз е намален од нивото АА+ на АА поради проценката на владата дека реформите нема да успеат да го поттикнат економскиот раст на среден рок, како и поради тоа што бавната економија ја загрозува способноста на владата да ги избалансира јавните финансии.

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси наведе дека проценката на „S&P“ е полна со неточни податоци, додека премиерот Жан Марк Еро изјави дека рејтингот на Франција е меѓу најдобрите во светот и дека агенцијата не ги земала во предвид сите реформи на владата во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП