10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на Societe Generale шест пати поголема од лани

Нето добивката на Societe Generale шест пати поголема од лани

Француската банка „Societe Generale“ објави дека во третиот квартал во рамките на групацијата оствариле нето добивка од 534 милиони евра, што е за скоро шест пати повеќе отколку во истото тромесечије една година претходно.

Во минатогодишното трето тромесечије нето добивката изнесувала 90 милиони евра со што беа занчително оптоварени вонредните трошоци.

Нето банкарскиот приход во овој период изнесуваше 5.73 милијарди евра, што е за 14.3 проценти повеќе отколку во истиот период од пред една година.

Во првите девет месеци од 2013-та година, нето банкарските приходи изнесуваа 17.05 милијарди евра што е за 0.3 проценти помалку во споредба со 2012-та година. Нето добивката во истиот период достигна 1.85 милијарди евра во споредба со 1.26 милијарди евра колку што имаа во 2012-та година.

„Работењето на „Societe Generale“ повторно ја потврди способноста за прилагодување во многу променливата животна средина. Групацијата има цврста поддршка од финансиските структури кога ги исполнува сите барања од регулаторите во сетот правила „Базел 3““, вели Извршниот директор Фредерик Оудеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП