12 мај, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПо трет пат се одржа меморијалниот турнир „Маја Лазарова Тодорова“ во чест...

По трет пат се одржа меморијалниот турнир „Маја Лазарова Тодорова“ во чест на прерано починатите колеги припадници на ОЗОЛО

Денеска во СЦ „Јане Сандански” по трет пат се одржа Меморијалниот одбојкарски турнир ,,Маја Лазарова Тодорова“ во чест и сеќавање на прерано починатите колеги припадници на Одделот за заштита на определени личности и објекти(ОЗОЛО).

Одделот за заштита на определени личности и објекти, секогаш обединето како големо семејство, низ своето постоење бил позади секој свој припадник. За жал, некои од нив прерано починаа и повеќе не се меѓу нас. Поради тоа, целта на меморијалниот турнир е да се оддаде огромна почит на сите нив. Тука припаѓаат искусни полициски службеници, кои се истакнале во своето работење и оставиле професионална трага позади себе од која ние и денес учиме, ја почитуваме и спроведуваме.

“Во оваа прилика ќе ги споменеме Маја Лазарова Тодорова – која е најмладиот полициски службеник кој прерано не напушти, Зоран Милошески, Борис Велинов, Аце Божиновски, Сашо Арсов-Каси, Цветан Атанасовски, Кристина Анѓелеска, Слаѓан Тасевски, Властимир Божиновск”, истакнаа од ОЗОЛО.

Одаваме почит и кон нивните семејства и упатуваме гласна порака дека сеќавањето на нив, не само што ќе остане во колективната меморија на нашиот Оддел, туку е и ќе биде пример којшто како завет останува во професоналното делување на секој припадник на Одделот.

Турнирот, трета година по ред го организира сопругот на починатата Маја Лазарова-Тодорова, Виктор Тодоров заедно со поддршка од Одделот за заштита на определени личности и објекти(ОЗОЛО).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП