11 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft разви нов квантен чип кој користи специјални квантни честички

Microsoft разви нов квантен чип кој користи специјални квантни честички

Microsoft постигна напредок во развојот на квантните компјутери со претставување на новиот чип наречен Majorana 1. Станува збор за квантен процесор кој користи посебен тип на честички, именувани по италијанскиот физичар Еторе Мајорана, кој теоретски ги предвидел во далечната 1937 година.

Microsoft создаде тополошки суперпроводници – посебна категорија на материјали создадени од Microsoft кои можат да постигнат нова состојба на материјата – не цврста, течна или гасовита, туку тополошка состојба. Оваа нова состојба на материјата го овозможува следново:

Квантен чип: Microsoft создава квантни системи кои можат да достигнат 1 милион кубити на еден чип кој е колку вашата дланка. Ова е иновативен дизајн на кубит архитектура.

Тополошко јадро: Врз основа на оваа нова состојба на материјата, Microsoft создаде 8 тополошки кубити кои се помали, побрзи и постабилни и можат да се вклопат во 1/100 од милиметар. Овие кубити се сигурни по дизајн, со вградена толеранција на хардверски грешки и се дигитално контролирани.

Microsoft исто така сподели академска и владина валидација. Nature објави рецензиран труд кој ја потврдува стратегијата на Microsoft базирана на суперспроводливиот кубит. Дополнително, Американската агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана (DARPA) го избра врвниот пристап на Microsoft за да го отвори патот за ефикасно, толерантно квантно пресметување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП