2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens очекува раст на профитот во 2014

Siemens очекува раст на профитот во 2014

siemmennss

Германскиот гигант во областа на електротехниката и електрониката очекува раст на заработката во 2014 година, откако ги оствари целите за оваа година.

„Siemens“ ги оствари целите за оваа фискална година, која заврши на 30. септември, благодарени на четвртиот квартал кој беше солиден, наведува групацијата, пренесува Франс прес.

„Сега се свртуваме кон иднината и се концентрираме на мерките со цел зголемување на профитабилноста, иако пазарните услови во 2014 година ќе бидат полни со предизвици“, изјави извршниот директор на компанијата Џо Кезер.

Со претпоставка дека приходите во деловната 2014 година ќе бидат слични на оние од претходната година, „Siemens“ очекува дека заработката по акција ќе биде за 15 проценти поголема во однос на 5,08 евра од изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП