Кој вели дека Југото е веќе историја? Прототипот на познатиот автомобил се подготвува за 2027 година, а доколку се биде во ред, ќе го видиме на изложбата Expo 2027 во Белград.
Проф. Д-р Александар Бјелиќ од компанијата „Глобо“ и дизајнерот Дарко Марчета во српската емисија „Сат“ открија план за две години на јавноста да и го претстават прототипот на новото Југо.
Марчета направи цртежи кои треба да се претворат во реалност, а Бјелиќ, кој живее и работи во Германија, објасни како дошло до тоа.
„Последниве десет години сè повеќе ме привлекува Србија, бидејќи имам српско потекло. Решив да иницирам заштита на марката Југо со цел да ја вратам не само марката, туку и возилото“, објасни Бјелиќ за емисијата „САТ“.
Тој вели дека морал да ангажира сериозен тим на адвокати за да открие кој всушност е сопственик на брендот, а сето тоа траело година и половина.
„На крајот го заштитивме логото“, истакна Бјелиќ.
Марчета рече дека е благодарен за можноста да работи на прототипот на новото Југо.
„Она што луѓето го велат е „молчи, сонуваш или ова навистина се случува“. Го сфатив ова како сериозна задача и уживам во неа, давам се од себе. Давам се за ова да изгледа што е можно подобро и да го возам утре. Ќе работам на тоа во следните две години“, нагласи Марчета.