18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојната со оружје завршува, почнува нова „војна“ - трговска!

Војната со оружје завршува, почнува нова „војна“ – трговска!

Претседателот на САД Доналд Трамп со нови најави дека во вторник планира да наметне тарифи од околу 25 проценти на автомобили на полупроводници и на одредени лекови. Ова се последни во серијата мерки кои би можеле да ја нарушат меѓународната трговија, коментираат експерти во светските медиуми. Со ваквите потези, Америка почнува сериозна трговска војна со своите најголемите бизнис партнери, Кина, Европа и Канада. Македонските власти и бизнис заедницата се внимателни и велат дека подготвуваат план за можен нов удар врз стопанството.

Во петокот, Трамп изјави дека нема да наметне тарифи за автомобили до 2 април, и тоа само еден ден откако членовите на неговата администрација се очекувало да му обезбедат податоци и решенија за серија увозни тарифи за американски стоки. Од друга страна Европската унија, го оданочува увозот на автомобили со 10 проценти, четири пати повеќе од САД кој е 2,5 проценти.

Но податоците велат дека САД има 25% тарифа за увезени камионети, освен оние кои доаѓаат од Мексико и Канада, правејќи ги таквите возила од производителите на автомобили од Детроит многу профитабилни. Според Трамп секторските тарифи за фармацефтвски производи и полупроводниците кои се увезуваат во САД ќе имаат 25 проценти данок и ќе бидат уште повисоки во текот на годината. Сепак, тој не даде конкретен датум за тоа кога тарифите ќе стапат на сила, додавајќи дека сака да им даде време на производителите на фармацефтски производи и чипови да изградат фабрики во САД за да ги избегнат.

Од неговата инаугурација пред две недели, Трамп наметна 10% тарифа на целиот увоз од Кина, откако Пекинг не успеа да го запре шверцот на фентанил. Иако првично го најави, потоа го одложи за еден месец, данокот од 25% за сите стоки од Мексико и Канада, освен за енергијата.

Сега информациите велат дека 12 март е денот предвиден за почеток на 25% зголемените тарифи за увоз на алуминиум, елиминирајќи ги исклучоците за Канада, Мексико, Европската Унија и други трговски партнери. Тарифите, исто така, ќе важат за стотици производи од челик и алуминиум. Трамп го задолжил својот економски тим да смисли план за наметнување на реципрочни тарифи за секој производ кој би се совпаѓал со тарифите во другите земји.

Од Европската комисија веќе соопштија дека ЕУ ќе ги заштити своите компании и вработени од последиците на новата американска тарифна политика. Сепак од унијата признаваат дека потребни се соодветни мерки за да се избегне понатамошен притисок врз работните места и компаниите, како и врз инфлацијата.

Македонските власти и дел од бизнис коморите посочија дека следува период на многу предизвици. Она што е потребно сега е да се постапи искусно, старите пазари да не се губат, но да се бара алтернатива, односно нови пазари. Од Германската комора во Македонија велат дека по две години рецесија, германската економија се соочува со година на криза и во 2025 година. Ова е видливо од резултатите од актуелната анкета за деловната клима која ја спроведе Германската стопанска комора за трговија и индустрија на почетокот на 2025 година, во кое учествуваа околу 23.000 компании од сите сектори и региони во Германија.

„Во следните дванаесет месеци, значително повеќе компании и понатаму очекуваат влошување на бизниз климата. Мораме да се подготвиме за опаѓање на економското производство во Германија трет пат по ред во 2025 година. Податоците сè појасно покажуваат колку е длабока структурната криза: 60 отсто од компаниите ја гледаат рамката на економската политика како нивен најголем деловен ризик. Затоа е важно, политичарите што побрзо да го искористат своето ново позиционирање по изборте во Германија.“

Најголемиот потрес на економски план во последниве неколку декади се случи по почнувањето на војната помеѓу Русија и Украина. Сега кога почнаа мировните преговори иницирани токму од САД, на глобално ниво се заканува нов економски потрес, и тоа токму од оној кој сега преговара за мир, а се заканува со воведување на нов даночен ценовник.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП