3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМултимилионер пријавил приход од 4 евра

Мултимилионер пријавил приход од 4 евра

miillioner

Италијанската финансиска полиција соопшти дека запленила имот вреден повеќе од 300 милиони евра во сопственост на еден жител на Верона, кој пријавил приход од само четири евра.

„Животниот стандард на Џовани Монтресори и неговата сопруга не одговара со нивните пријавени приходи“, изјави за АФП Франциско де Џакомо, полициски службеник задолжен за тој случај.

Според Џакомо, деловниот човек од Верона пријавил приходи од четири евра за 2011 година, пет евра за 2010 година и четири евра за 2009 година. Неговата жена пријавила три евра за 2011 година и едно евро за 2010 година.

Судот одлучи да им го заплени имотот, кој опфаќа девет компании, 235 хектари земјиште на повеќе места во Северна Италија, осумнаесет куќи и седум автомобили.

Овој човек им е добро познат на властите во Италија, откако во 90-тите била покрената идентична пријава за сомневање за прикривање приходи, а потоа повторно во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП