28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија на прво место на листата на најнетранспарентни пазари во светот

Велика Британија на прво место на листата на најнетранспарентни пазари во светот

Велика Британија го зазема првото место на листата на финансиски најнетранспарентни пазари во светот во 2013 година, покажува новиот индекс на сивата економија на Мрежата за даночна правда.

Како и пред две години, меѓу десетте најнетранспарентни земји во истражувањето на „Такс џастис нетворк“, што опфати 60 држави, се и Швајцарија, Луксембург, Хонг Конг и Сингапур.

Оваа година на шесто место се најдоа САД, а на општо изненадување на врвот на листата се најдоа Германија и Јапонија, додека Белгија го зазеде 40-то место.

Причината поради која Велика Британија се најде на врвот на табелата е тоа што под британска јурисдикција се
наоѓаат дури 12 офшор зони меѓу кои се Кајманските острови, Џерси и Девствените острови.

Според истражувањето, речиси 30 отсто од земјите во светот имаат некоја од карактеристиките на офшор зони.

Во зоната на Европската унија има најмалку десет земји со карактеристики офшор, меѓу кои се и Холандија, Монако, Малта, Андора, Луксембург, Лихтенштајн, Кипар, Ирска…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП