3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеочекувано заздравување на американската економија

Неочекувано заздравување на американската економија

saadd

Амeриканската економија во третиот квартал се зголеми за 2,8 проценти на годишно ниво, што е неочекуван знак за зајакнување на најголемата светска економија.

Американскиот извоз се зголеми, компаниите ги зголемија залихите, изградбата на нови куќи е забрзана, а потрошувачката на државната и локалната власт е зголемена со најбрзо темпо во последните четири години, пренесува агенцијата АП.

Според соопштението на американското Министерство за трговија, бруто домашниот производ на САД од третиот квартал е поголем во однос на растот од 2,5 проценти од периодот април-јуни, и станува збор за најбрзото темпо на раст на економијата за последната година.

Потрошувачите ја зголемиле потрошувачката, но целокупната потрошувачка ослабнала во однос на претходниот квартал, бидејќи потрошувачката во секторот за услуги остана на релативно исто ниво.

Најновите податоци се речиси за еден процентен поен повисоки од прогнозата на повеќето економисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП