3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Загрозени 3,5 милиони работни места

Италија: Загрозени 3,5 милиони работни места

ittallijja

Речиси 3,5 милиони работни места би можеле да бидат укинати ако буџетот за 2014 година не претрпи радикални промени, предупредуваат претставниците на синдикатот.

Генералниот секретар на италијанскиот синдикат УИЛ, Лујџи Анџелоти наведува дека мерките во рамките на буџетот, за кој во моментов се дебатира во парламентот, поттикнуваат невработеност и ги намалуваат платите на работниците, пренесува агенцијата АНСА.

„Буџетот треба драстично да се промени. Ако не постои промена, невработеноста постојано ќе се зголемува“, изјави тој. Синдикатот за следната недела планира четиричасовен штрајк со цел да ја изрази својата загриженост околу буџетот.

Критичарите на буџетот велат дека тој не содржи адекватни мерки, вклучувајќи го и намалувањето на данокот за работниците, што е неопходно за стимулирање на економскиот раст и отворањето на нови работни места. Анџелоти наведува дека даноците, доколку не бидат намалени, најтешко ќе го погодат најсиромашниот дел од вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП