2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на милијардери во светот достигна нов рекорд во 2013

Бројот на милијардери во светот достигна нов рекорд во 2013

Бројот на милијардери во светот достигна нов рекорд во 2013 година, а најголем раст е забележан на азискиот континент.

Во светот бројот на милијардери од јуни минатата година до јуни 2013 година е зголемен за 0,5 отсто на 2.170, се наведува во извештајот на швајцарската банка УБС и агенцијата од Хонг Конг Велт-Џ.

Во студијата исто така се наведува дека богатството на милијардерите во светот во наведениот период се зголемило за 5,3 отсто.

На азискиот континент на годишно ниво заклучно со јуни 2013, бројот на милијардери е најмногу зголемен.

Бројот на нови азиски милијардери се зголемил за 18 отсто, а нивното богатство за 13 проценти.

Иако во Северна Америка и натаму има најмногу милијардери, се проценува дека за пет години Азија ќе биде континент со најголем број екстремно богати доколку продолжи сегашниот тренд.

Од финансиската криза во 2009 година, светот доби нови 810 милијардери, и оттогаш нивното богатство е повеќе од удвоено, достигнувајќи вредност од 6,5 билиони долари, што е доволна сума за да се покрие буџетскиот дефицит до 2024 година, се наведува во студијата.

Се проценува дека 60 отсто милијардери самите го заработиле богатството, а дека 40 отсто од нив станале богати врз основа на наследство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП