19 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајтенкиот телефон што се преклопува ќе биде достапен на глобално ниво

Најтенкиот телефон што се преклопува ќе биде достапен на глобално ниво

Кинеската компанија „Oppo“ објави дека нејзиниот претстоен телефон на преклопување „Find N5“ ќе биде претставен на глобално ниво во исто време кога ќе дебитира во Кина за две недели.

Знаеме дека „Oppo Find N5“ на социјалните мрежи се опишува како најтенкиот телефон на светот со флексибилен екран.

Овој преклоплив модел е едвај потенок од USB-C порта. За споредба, USB-C приклучокот има минимална дебелина од 2,6 милиметри.

Дополнително, потврдено е дека „Oppo Find N5“ ќе има чипсет Snapdragon 8 Elite, поддршка за безжично полнење од 50 W и сертификат за отпорност на вода IPX9.

Титулата за најтенкиот телефон на преклопување моментално ја носи „Honor Magic V3“, со дебелина од 4,35 милиметри. Ова значи дека „Find N5“ треба да биде „дебел“ близу 4 mm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП