19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Plug-in“ хибрид со домет од 2.000 km се продава за џабе (ФОТО)

„Plug-in“ хибрид со домет од 2.000 km се продава за џабе (ФОТО)

Производителите во Кина се натпреваруваат да понудат подобар автомобил по пониска цена.

„Geely Galaxy L6 EM-i“ пристигнува на кинескиот пазар на 15-ти февруари. Претпродажбата започна на 17-ти јануари, со ценовен опсег од 12.400 до 16.100 долари. Сепак, по повод официјалното лансирање, цената ќе биде намалена за речиси 1.000 долари, па почетната цена ќе биде само 11.400 долари.

Димензиите на автомобилот се 4782/1875/1489 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2752 mm, што го сместува во сегментот на седан од средната класа. Максималната тежина се движи од 1570 kg до 1700 kg.

Дизајнерски, новиот модел ја продолжува линијата на својот претходник, „Galaxy L6“.

Возење и перформанси

„Geely Galaxy L6 EM-i“ користи „plug-in“ хибридна погонска единица (PHEV), која се состои од 1,5-литарски атмосферски бензински мотор со 82 kW (110 ks) и 136 Nm вртежен момент и електричен мотор со постојан магнет со 160 kW (215 ks) и 22 Nm.

Моќта се пренесува на тркалата преку автоматски менувач.

Достапни се две варијанти на батерии – капацитет од 8,5 kWh (електричен досег 60 km) и 19,09 kWh (електричен домет 140 km).

Според податоците на „Geely“, вкупната автономија на возилото достигнува дури 2.000 km, а просечната потрошувачка на гориво е 2,9 l/100 km.

Максималната брзина е 180 km/h, додека резервоарот за гориво е со капацитет од 60 литри. Се разбира, овие бројки на опсегот изгледаат премногу оптимистички, но спецификациите на автомобилот се сепак импресивни.

Внатрешност и технологија

Автомобилот е опремен со централен екран од 14,6 инчи, 10,2 инчен LCD табла со инструменти, бесконтактно отклучување, далечински управувач на одредени функции и системи преку мобилна апликација, додека аудио системот има шест звучници.

Возилото поддржува ажурирања „OTA“ (over-the-air), а возачот има и пристап до систем за навигација, гласовен асистент со вештачка интелигенција и конекција 4G+WiFi додека вози.

Ценовната војна во Кина го достигнува својот врв

Цената од 11.400 долари за вака опремен автомобил покажува дека се игра со отворени карти.

Кинескиот автомобилски пазар стана неверојатно конкурентен, а во оваа борба преживуваат само најсилните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП