21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете кога вашиот „Xiaomi“ ќе го добие новиот „HyperOS“

Погледнете кога вашиот „Xiaomi“ ќе го добие новиот „HyperOS“

„Xiaomi“ ќе продолжи да ги турка новите верзии на „HyperOS“ на телефоните почнувајќи од средината на февруари.

Во моментов, „Xiaomi“ престана да објавува ажурирања за „HyperOS“ поради прославата на „кинеската“ Нова година, односно за вработените да можат да направат заслужена пауза за време на одморот.

Покрај воведувањето на „HyperOS 2.0“, компанијата исто така ја одложи дистрибуцијата на најновата безбедносна лепенка до јануари 2025-та година за подобните модели на „Xiaomi“, „Redmi“ и „POCO“.

Глобалното објавување на „HyperOS 2.1“ исто така се чека, со некои информации кои откриваат дека првиот бран ќе започне во средината на февруари.

Компанијата ќе започне со овие операции на 12-ти или 15-ти февруари, а повторното испраќање на ажурирањето на „HyperOS“ најверојатно ќе се случи помеѓу 16-ти и 20-ти февруари, известува „Xiaomi Time“.

Според истата страница, „Hyper OS 2.1“ се очекува глобално да се појави на „Xiaomi 14 Ultra“, „Xiaomi 13 Pro“ и „Xiaomi 13“.

Да го сумираме сето ова – „Xiaomi“ ќе се врати на својот вообичаен режим на ажурирање по 16-ти февруари и „HyperOS 2.1“ треба да бидат достапни на глобално ниво подоцна овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП