9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМода со печат: 40 години од постоењето на легендарните Timberland „yellow boots“...

Мода со печат: 40 години од постоењето на легендарните Timberland „yellow boots“ прославено на уникатен начин

Фаворизирани од секого – од индустриски работници, оутдор спортисти, до естрадни ѕвезди и луѓе од повисоката класа, жолтите чизми на Timberland (Тимберленд) се едни од најпрепознатливите модни класици помеѓу обувките. Веќе 40 години опстојуваат како феномен со сопствен изграден стил кој истовремено значи класика, неуништливост и моден тренд!

“Timberland и светот на премиум чизми”, вчера во винскиот бар „Штала“ ја одбележаа 40-годишнината од постоењето на добро познатите жолти чизми. На уникатен начин беше прославен роденденот на овие револуционерни модни обувки, кои со својот уникатен печат го дефинираат стилот, а воедно се секојдневни, удобни и модерни чизми.

Посетителите имаа можност да остават свој “yellow boots” отпечаток на најголемата патека на стапалки на потрошувачи, која говори за бројните фанови на Timberlend yellow boots и во Македонија.

Прославата на овој значаен јубилеј во Македонија помина во духот на брендот Timberland – со оргинална интерактивна програма вo автентична атмосфера.

На забавата беше присутна урбана македонска публика и многу познати јавни личности  кои го потврдија имиџот на овој бренд- мода сама за себе, привлечна и соодветна за сите класи и стилови.

Поголем број наши естрадни ѕвезди со своето присуство истакнаа дека се обожаватели на славните жолти чизми на Тимберленд, а меѓу нив беа светскиот топ-модел Катарина Ивановска, раперот ЛД Пистолеро и искусниот рокер Бени Шаќири.

Составени од 39 различни компоненти и продуцирани во 80 различни фабрички оддели, „yellow boots“ чизмите се неуништлива креација, а нивниот квалитет и долготрајност не се коинциденција.

Сите компоненти  на чизмите се внимателно изработени и поврзани за да обезбедат водоотпорност, долг век и перформанси. Тука се најдобрата т.н нубук- водоотпорна кожа, поравување со технологија за заштита од уништување и притисок, месингани држачи за врвките кои се силни и оптпорни на р’ѓосување, единствена технологија за спречување на замор вградена во ѓонот, и.т.н. Нивното препознатливо лого во форма на дрво е најзначаен идентитет на брендот, а Timberland e пример за компанија која е меѓу првите кои започнале храбро да го означуваат логото на ваков производ.


Модниот печат на популарните yellow boots ги надминува сите модни стилови и пенетрира во нова поп-културна свера, почитувана од многубројни лојални потрошувачи насекаде во светот и во Македонија. Од светската естрада најлојални Timberland фанови кои се поистоветуваат со брендот се Rihanna, Jay-Z, Kanye West и други.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП