23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди во Унгарија произведе 25 милиони мотори

Ауди во Унгарија произведе 25 милиони мотори

Германскиот производител Ауди соопшти дека во дведецениската работа на фабриката во Ѓер од производната лента биле излезени 25 милиони погонски единици.

Јубилејниот мотор е четирицилиндричен 2.0 литарски „TFSI“ со 272 ks (200 kW). Агрегатот ќе биде вграден во автомобилот од специјалната серија „Audi TTS Coupe Competition“, со кој германскиот производител ќе одбележи уште еден значаен јубилеј, а тоа производството на 500.000-тиот примерок на моделот „ТТ“.

Ауди во Унгарија веќе 20 години изработува мотори за возилата Фолксваген и Ауди. Моменталниот асортиман се состои од 235 различни верзии на погонски единици, од 4 до 12 цилиндри чија моќ се движи од 86 ks (63 kW) дo 570 ks (419 kW).

Во оваа фабрика работат 5.400 работници, а секојдневно во Ѓер се произведуваат повеќе од 8.100 мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП