17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто е важно активното слушање во деловната комуникација?

Зошто е важно активното слушање во деловната комуникација?

Слушањето е сложен процес на усвојување на информации од околината, вклучувајќи насочување на вниманието, интерпретација и меморија на слушнатата содржина. Во интерперсоналната комуникација слушателот не ја слуша само пораката која говорникот му ја пренесува, иако најчесто слушањето се поврзува само со таа активност.

Зошто е важно активното слушање?

– го покажува вашиот интерес и грижа за говорникот

– води до подобра информираност за говорникот или ситуацијата

– поттикнува понатамошна комуникација

– ги смирува лицата и ја „лади“ напнатата ситуација

– ги подобрува односите меѓу говорниците

Кратки основни правила за активното слушање во деловната комуникација:

– не прекинувајте го соговорникот

– не нудете совети

– не судете, не расправајте за точноста и не го изнесувајте вашето мислење

Активното слушање во деловната комуникација е од клучна важност, тоа покажува дека на вас ви е грижа за тоа што вашиот соговорник, партнер или потенцијален инвеститор ви го кажува. Истражувањата покажуваат дека лицата кои применуваат активно слушање во деловната комуникација, поретко прават грешки, оставаат подобар впечаток за иден бизнис партнер и делуваат културно и одмерено, со што на говорникот му даваат до знаење дека се сериозни бизнис лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП