6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвро Дизни загуби над 1 милион посетители

Евро Дизни загуби над 1 милион посетители

Најпопуларната приватна туристичка дестинација во Европа, Забавниот парк Дизниленд во Париз во 2013-та година изгуби над еден милион посетители во 2013 година. Причина за овој резултат е поради финансиската криза со која се кренаа трошоците на корисниците, соопшти денеска компанијата оператор на паркот Евро Дизни.

По 2012-та година, кога интересот за паркот се зголеми поради неговата 20-годишнина, посетеноста достигна рекордни 16 милиони посетители. Оваа година бројот е намален на 14.9 милиони до крајот на септември.

Приходите на компанијата се намалени за 1.1 отсто или 1.31 милијарди евра. Намалувањето на чистата загуба на групацијата е за 25 проценти за овој период, а тоа се должи на рефинансирањето на долгот, кое беше спроведено од американската компанија „мајка“ на Волт Дизни.

„2013-та година беше тешка за целиот сектор за туризам и забава во Европа“, објасни Извршниот директор Филип Гус.

Евро Дизни забележа пад од 7 проценти во посетеноста на двата тематските паркови Дизниленд и Волт Дизни студиото, а работењето на хотелите на компанијата е намалено за 4,7 проценти.

Падот на посетеноста се должи пред се на француските клиенти, како и на Шпанците и Италијанците. Британците го заземаат второ место по посетеност на Дизниленд во Париз (14 проценти), по Французите (51 проценти), а пак трети се Германците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП