9 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот досега: „BMW CS M3 Touring“ (ФОТО/ВИДЕО)

Најмоќниот досега: „BMW CS M3 Touring“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител на автомобили, „BMW“ го претстави најмоќното издание на „M3 Touring – CS“.

Треба да се напомене дека со минатогодишното рестартирање, основната верзија на караванот беше понудена како „M3 Touring Competition“ со 3,0-литарски линиски шестцилиндричен битурбо мотор, 530 коњски сили и „M xDrive“ погон на сите тркала.

Сега, благодарение на зголемувањето на максималниот притисок на турбополначот до 2,1 бари и изменетата електроника на моторот, „M3 CS Touring“ испорачува 550 коњски сили при 6.250 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент остана непроменет – 650 Nm при 2.750–5.950 вртежи во минута.

Покрај забрзувањето, подобрена е и максималната брзина на 300 km/h, што е за 20 km/h повеќе. Намалувањето на тежината е постигнато благодарение на употребата на полимер засилен со јаглеродни влакна, кој се користи за изработка на хаубата на моторот, преден сплитер, отвори за воздух, куќишта на надворешните ретровизори и заден дифузор.

Внатрешноста, во која доминира комбинацијата на црно и црвено, има специјално дизајнирани карбонски седишта, додека лопатките за менување брзини на воланот и новата централна конзола се исто така направени од карбон, што дополнително ја намалува тежината. Така, „CS“ е полесен за 15 килограми од стандардниот модел, но сепак тежи значителни 1.920 килограми со возачот и течностите.

Вниманието на „BMW“ кон деталите говори фактот што се инсталирани адаптивни амортизери, модифициран е системот за управување, а сопирачките се подобрени, додека електронската контрола на стабилноста е дополнително дотерана.

Покрај елементите од јаглеродни влакна, „CS Touring“ е препознатлив и по спојлерот на покривот со црвени детали и жолти LED дневни светла. А кога станува збор за боите, за оваа верзија се достапни „British Racing Green“, „Laguna Seca Blue“, „Frozen Solid White“ и „Sapphire Black“.

Овој модел доаѓа стандардно со 19-инчни тркала напред и 20-инчни тркала назад, кои доаѓаат во златна бронза или мат црна боја.

Во продажба треба да се појави во март, а допрва треба да дознаеме колку ќе чини на домашниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП