28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Растот на БДП годинава 3,3, а догодина 3,7 проценти

НБРМ: Растот на БДП годинава 3,3, а догодина 3,7 проценти

Бруто-домашниот производ на Македонија годинава ќе порасне за 3,3 отсто, а следната за 3,7 проценти. Ова се најновите проекции на Народната банка.

Централната банка очекува растот на македонската економија во 2015 да достигне 4,4 проценти. Главни носители на економскиот раст ќе бидат извозниот сектор, инвестициите и домашната побарувачка.

Се очекува дополнителен стимул на растот да даде и очекуваното зголемено кредитирање.

– Економскиот раст е ревидиран нагоре. Наместо 2,3 проценти, ревидираната стапка е 3,3 проценти. За наредната година очекуваме засилување и наместо 3,1 проценти растот да биде 3,7 проценти, а во 2015 година очекуваме посилен раст од 4,4 проценти, рече на денешната прес-конференција гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

Посочи дека оптимизмот го темели на подобрите остварувања во првата половина од годинава, потоа извозот креиран од новите странски и јавни инвестиции, како и придвижувањето на личната потрошувачка.

Се очекува дека растот на економијата ќе биде поддржан преку одредено забрзување на стапката на кредитен раст, кој се проектира од 6,4 и 8,5 проценти во следните две години.

Проекцијата за кредитниот раст е пониска од претходно проектираната и за годинава ќе изнесува 5,2 проценти.

Според гувернерот, тоа е резултат на деловните стратегии на банкарските групации кои влијаат на нашите банки. За јавниот долг рече дека сервисирањето не треба да се доведе во прашање.

– НБРМ има доволно средства и води сметка за обврските кои доаѓаат во наредниот период, истакна Богов.

Според него, треба да се намали домашното задолжување за покривање на буџетскиот дефицит и дека е подобро тој да се финансира од надворешно задолжување.

За следната година се очекува странските директни инвестиции да изнесуваат 330 милиони евра или 4 проценти од БДП, а во 2015 година се очекува да се зголемат и да изнесуваат 4,5 проценти од БДП.

Народната банка очекува зголемени износи од приватните трансфери, но намалување на нивното учество во БДП.

Богов рече дека тука се вклучени дознаките од странство, потоа меѓуграничниот промет, дел услуги и туризам и дел конверзија на девизи.

Стапката на инфлација, според НБРМ, годинава ќе биде 2,8, а следната 2,3 проценти.

Посилен пад на суровата нафта и минимална нагорна ревизија има кај цените на храната во однос на априлската проекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП