Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги достави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година.
Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.
Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.
Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари.

