2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ неочекувано ги разбранува пазарите

ЕЦБ неочекувано ги разбранува пазарите

еупазари

Европската централна банка денес ја намали основната каматна стапка на историски минимум, со неочекуван потег за време на дефлацискиот притисок во еврозоната.

ЕЦБ ја намали референтната каматна стапка за една четвртина од процентен поен, на ново рекордно минимално ниво од 0,25 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Иако за ова намалување се шпекулираше по неочекуваното забавување на инфлацијата на четиригодишниот минимум од 0,7 проценти, повеќето економисти веруваа дека банката нема веднаш да направи промена на каматната стапка.

Еврото по соопштението на ЕЦБ остро се намали во однос на доларот, и неговата вредност изнесуваше 1,3354 долари, што е неговото најниско ниво од 18 септември, во однос на 1,3505 долари, колку што изнесуваше пред објавувањето на соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП