24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda со зголемен раст на продажба во Северна Америка

Honda со зголемен раст на продажба во Северна Америка

honda

Јапонската компанија за автомобили „Honda“, во првите девет месеци од фискалната 2012- 2013 година, двојно го зголеми нето приходот благодарение на зголемената продажба. Во тој период третата најуспешна јапонска компанија, во секторот за автомобили оствари нето приходи од 2,77 милијарди евра, што е скок од 108 отсто.

Компанијата ја намали својата прогноза за годишните приходи од 375 милијарди јени на 370 јени, поради загубата од договорите во странски валути, што е последица на наглиот пад на јенот кон крајот на 2012 година.

Во првите девет месеци од фискалната 2012-2013 година, „Honda“ ја зголемила продажбата на нови автомобили за 50 отсто, а продажбата на мотори за 14 отсто. Покрај пречките на европскиот и на кинескиот пазар, компанијата успеа да оствари позитивни резултати по падот на продажбата во текот на 2011 година, поради катастрофалното цунами како и поплавата во Тајланд.

Во соопштението од управата на „Honda“ нагласуваат дека таквите резултати се постигнати благодарение на растот на продажбата во Северна Америка и пласирањето на новите модели. Добивка е зголемена повеќе од три пати на 408,8 милијарди јени, а  резултатите се подобри за 28,7 отсто на 7.133.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП