16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВреме е за пензија?

Време е за пензија?

Судбината на „Audi Q8 e-tron“ е запечатена, бидејќи производството на најголемиот електричен SUV во гамата ќе биде стопирано на крајот на следниот месец.

Имено, „Audi“ на 28-ми февруари трајно ќе ја затвори својата фабрика во Брисел, откако не успеа да најде заинтересиран купувач. Оваа фабрика непрекинато работи 75 години, но сега се гаси, оставајќи околу 3.000 работници без работа.

Сепак, „Audi“ постигна договор со синдикатите, а во официјалното соопштение наведуваат дека работниците ќе добијат дополнителни поволности:

„Покрај веќе објавениот доброволен бонус на компанијата, социјалниот план вклучува и многу дополнителни мерки за поддршка кои се отворени за сите вработени. Тие вклучуваат посебни мерки поврзани со оние над 60 години, како и услуги за обука“.

Од „Audi“ тврдат дека вкупната исплата на работниците ќе биде повеќе од двојно повеќе од законскиот минимум.

Масовни отпуштања во VW Group

Да потсетиме, „Volkswagen“ неодамна објави дека планира да укине над 35.000 работни места во Германија.

Компанијата, исто така, ќе го намали производството за околу 734.000 возила и ќе префрли дел од склопувањето во странство.

„Audi Q8 e-tron“ е на пазарот од 2018-та година, кога беше лансиран под името „e-tron“. По редизајнот во 2022-ра година, тој стана дел од семејството „Q8“ и беше достапен во стандардни и „Sportback“ верзии.

Беа понудени различни верзии во зависност од моќноста на моторот (183 до 370 kW) и капацитетот на батеријата (95 до 114 kWh).

Цената на моделот во Германија се движеше од 105.850 евра нагоре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП